СДСМ: Зошто граѓаните на Дебрца не знаат за забраната за пиење на водата од регионалниот водовод?

by Fokus

– Каква вода пијат ? Зошто не се запознати со решението за забрана за пиење на водата од регионалниот водовод ? Што се е преземено за санирање на состојбата? Со вакви прашања до власта денеска излегоа од опозицискиот СДСМ, а истовремено и барајќи одговори зошто досега овој проблем не е решен.

Според нив, пред два месеци при посетата на поранешниот премиер Никола Груевски на село Горенци, градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски за проблемот со недостиг на вода за пиење ветил дека проблемот ќе биде решен во текот на август оваа година со набавка на нова пумпа.

– Август помина, новата пумпа никаде ја нема. И не само тоа. Со Решение донесено од Државниот инспектор за храна при Агенцијата за храна и ветеринарство, ПЕ-Охрид, од 01.09.2016 година се забранува водата за пиење од мерните места: Аеродром-кујна, село Горенци, село Подмоље, село Требеништа и село Оровник, кои се водоснабдуваат од регионалниот водоводен систем со извориште во местноста “Св. Еразмо”, а со кој стопанисува ЈП “Дебрца”-Белчишта. Воедно, се наредува на ЈП “Дебрца” да обезбеди безбедна вода за пиење, како и да ја извести јавноста за безбедноста на водата за пиење, а до обезбедување на здравствено исправна вода, истата да се преврива 20 минути – се наведува во партиското соопштение.

Од таму додаваат дека им е полесно да ги кријат анализите од јавноста, отколку сериозно да се зафатат со решавање на овој проблем, кој што значи здравје и живот за граѓаните.

Поврзани новости