СДСМ: ВМРО да ги повлече сите роднини од позициите, а таткото и сестрата на Јанушев да се откажат од работата во ЦУК и МВР

by Fokus

Претставници на СДСМ преземаат морални чекори, ВМРО ДПМНЕ да побара од своите членови да ги повлечат роднините од позициите кои им ги обезбедиле, реагираат од владејачкиот СДСМ.

– ВМРО ДПМНЕ за една деценија ги претвори државните институции во партиски агенции за вработување на роднини, пријатели и сопартијци. До каде се одело покажува примерот токму на Партизирање и фамилијазирање на државните институции се токму обележје на 11 годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ. Христијан Мицковски, од сите професори на Машинскиот факултет, тој станал асистент кај сопствениот татко, со кого и заедно пишувале книги и учебници. Тоа време е минато. Еве шанса на ВМРО-ДПМНЕ да се докаже, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите кои им ги обезбедиле за време на нивното 11 годишно владеење – се наведува во партиското соопштение.

„Таткото и сестрата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор јанушев вработени во ЦУК и МВР нека се откажат од работните места.

И оние 625 лица во РЕК Битола вработени преку партиски списоци на ВМРО-ДПМНЕ.

Или за ВМРО ДПМНЕ моралот е непозната категорија, со оглед на тоа дека никогаш не бил применет ниту пак признаен?, прашуваат од СДСМ.

Поврзани новости