СДСМ: Со ребалансот ги скративме нереалните проекции на претходната влада

by Фокус

Новата влада со ребалансот покажа дека следните чекори ќе бидат базирани на реална основа зашто ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја манипулирала јавноста со лажни и нереални проекции за економскиот раст, соопшти СДСМ.

„Проекциите за капитални инвестиции досега се давале од ракав, за да изгледаат убаво и звучат помпезно, но во реалноста биле нереални планови. Затоа скратени се тие нереални планови кои и без ребалансот немало да се реализираат. Ребалансот на Буџетот ги следи потребите на сите категории граѓани, а парите наменети за луксуз и непотребни трошоци се враќаат кај граѓаните. Заврши луксузирањето на државни функционери на сметка на граѓаните, што ВМРО-ДПМНЕ 11 години го практикуваше“, стои во соопштението на СДСМ.

Од таму додаваат дека со новата распределба на средствата ќе им се помогне на фирмите да исплатат нова зголемена минимална плата во висина од 12.000 денари на околу 70.000 граѓани веќе во септември, трајно ќе се реши проблемот на стечајните работници, а ќе започне и проектот „Младинска гаранција“.

Поврзани новости