СДСМ положи цвеќе на гробот на Киро Глигоров

by fokus 16:33
16:33

Делегација на СДСМ во состав Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и член на ИО, Пеце Мирчевски член на ИО на СДСМ и Сања Лукаревска членка на ИО на СДСМ, положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на независна и суверена Република Македонија, Киро Глигоров, денеска, на 5 – годишнината од неговата смрт.

„СДСМ како и сите граѓани на Македонија со достојна почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров кон Република Македонија, кој градеше мостови на соработка во нашата држава и во светот, со што ги отвори перспективите за граѓаните и за Република Македонија. СДСМ е определена да ги негува и развива тие перспективи во интерес на животот и добра иднина на граѓаните и на Македонија“, се вели во соопштението.

- Advertisements -

Поврзани новости