Динамит за дочекот во македонската црква во Австралија

by fokus

Македонците кои што го прославија новогодишниот дочек во македонската православна црква во Њукасл, Австралија, ноќта ја минале со песните на познатата фолк пејачка Соња Динамит.

Атмосферата била доста весела, а гостите уживале со стари македонски песни.

„Имаше стотици гости за време на дочекот и поминавме баш Новогодишно. На почетокот се пееја нови песни, но потоа нашите иселеници започнаа да бараат стари македонски песни. Се пееја и српски хитови, се вртеше оро до раните утрински часови. Ова беше една весела празнична забава, го донесовме нашиот балкански дух во срцето на Австралија – раскажа пејачката по потекло од Скопје, која што веќе околу петнаесет години живее и настапува во Австралија, на забавите за нашите иселеници.

Инаку, Соња стана позната по името Динамит пред пет години, кога ја отпеа истоимената песна.

„Уметничкото име ми го даде мојот текстописец Орце Зафировски, по песната која што тој ја напиша за мене уште во 2012 година. Знам дека е специфично, но со гордост го носам, уникатно е на нашата естрада“ – вели пејачката, која што е омилена не само кај македонците во Австралија, туку и кај иселениците од Србија.

Покрај Соња Динамит, во Австралија настапиле многу наши фолк пејачи. Неофицијално, таму живеат околу 200.000 Македонци, па затоа и има голем интерес за концертите на нашите музичари.

Вики Клинчарова

Поврзани новости