Коѕиас: Имаме неколку предлози за името, чекаме одговор од соседот

by fokus

Во интервју за Атинската новинска агенција, Никос Коѕиас, шефот на грчката дипломатија зборува за заштита на правата и на имотите на грчкото малцинство во Албанција, но никаде не ги споменува истите права за македонското малцинство во Грција, пренесува МКД. Тој во однос на решавањето на проблемот со името не кажа ништо ново.

За мерките за градење доверба во Македонија Коѕиас повтори дека „историјата не е затвор. Тоа е училиште, и во тоа училиште треба да се учи вистинската историја. Грчката страна е заинтересирана да има добри односи со сите. Ние ја посакуваме стабилноста на нашиот сосед и ние сме единствената земја која не изразуваме никакви ставови во однос на внатрешните работи во ФИРОМ и ја почитуваме најзината автономија, независност и суверенитет“.

„Во однос на прашањето за името, кое секако е поврзано и со иредентизам, решение мора да се најде. Многумина сметаат дека прашањето за името треба да биде од второстепено значење. Јас потсетувам дека тоа е предуслов за пристапувањето на нашата соседна земја кон ЕУ и НАТО. Всушност, целта на Времената спогодба, на која се повикуваат многумина, беше да се обезбеди време за предлози за спорот околу името. Ние имаме неколку предлози за тоа и чекаме одговор од другата страна“, вели Коѕиас во интервјуто за АНА.

Поврзани новости