469
СДСМ и целата опозиција се подготвуваат за масовен протест во Скопје, кој би се одржал на деветти мај, пренесува новинската агенција Мета. Протестот би се одложил само доколку преговорите со ВМРО-ДПМНЕ во Брисел сменат нешто.
Портпаролот на СДСМ. Петре Шилегов, ниту ја негираше, ниту ја потврди оваа информација.
-СДСМ низ градовите континуирано ја шири вистината за Македонија. Кога и дали ќе се одржи митинг во Скопје, ќе бидете благовремено информирани, изјави Шилегов за Мета.
Од ЛДП, пак, велат дека тие се дел од опозицијата и секако ќе учествуваат во сите работи што опозицијата ги подготвува. Цврсто остануваат на нивниот став и сакаат оваа власт што поскоро да си замине.