За први мај ССМ ќе „маршира“

by Фокус 20:11
20:11

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Живко Митревски, за телевизијата 24 Вести изјави дека годинава за Денот на трудот е донесена одлука  да се организира  „Марш на солидарност“, од кој ќе бидат упатени пораки и заклучоци. Веќе неколку години по ред ССМ не организира првомајски протести, кои се пракса во многу земји во светот.

Од ССМ за успех ги сметаат утврдувањето на минималната плата и задолжителна исплата на К-15 и тие за нив, како и за власта, се историски за подобрување на работничките права.

- Advertisements -

Здружението „Ленка“ работењето на ССМ го смета само како обид за задржување на фотељите на раководните лица, а не како борба за работничките права.

 

Поврзани новости