СДСМ: Новата Влада ќе го гасифицира Скопје

by fokus

Новата Влада ќе ги гасифицира и Скопје и сите други градови во Македонија, по успешните примери во Струмица и Куманово, ветуваат денеска од СДСМ.

-Крајно неодговорно е клиниките да се преполни со болни деца и граѓани, а на градоначалничкиот состанок да не се донесе ниту една ефективна мерка против загадувањето во Скопје. Граѓаните знаат дека Скопје можеше да биде гасифициран град. БЕГ (Топлификација )под контрола на лица од фамилијата на Никола Груевски можеше да ги мотивира граѓаните да се греат на парно, наместо да ги принудува да се исклучуваат поради лошите услуги. Груевски и Коце Трајановски можеа да овозможат субвенции за пелети на граѓаните, наместо да потрошат над 630 милиони евра за криминалниот проект Скопје 2014. Тоа што 10 години не го направија Никола Груевски и Коце Трајановски, ќе го спроведе новата одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија. Новата Влада ќе ги пренамени за намалување на загадувањето на воздухот 20-те милиони евра за Панорамско тркало, 5.7-те милиони евра што само во 2017 година Груевски и Трајановски сакаа да ги потрошат на нови барокни фасади, 500-те илјади евра што планираа да ги потрошат за партерно уредување на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Поврзани новости