479
БЕСА нема да биде дел од новата влада, соопшти денеска СДСМ.
-Известуваме, во врска со преговорите со партијата БЕСА, дека покрај тоа што се согласивме дека ја споделуваме определбата за итни реформи за демократски и европски развој на Македонија, за одреден дел прашања не постигнавме договор, се вели во соопштението.
Од СДСМ додаваат дека остваат отворени врати за соработка околу поддршка на реформите што престојат во Република Македонија, како и за се друго од заеднички интерес за сите граѓани.