Редефинирањето ја води БЕСА во опозиција

by fokus 14:20
14:20

Цврстото опстојување на редефинирањето на државата, ја носи БЕСА во опозиција, бидејќи овој услов е неприфатлив за СДСМ, дознава Фокус од партиски извори.

Покрај тоа,велат нашите извори, пречка за влез на БЕСА во новата влада се и некои од другите услови, како целосно спроведување на албанската декларација, вклучително и деловите за кои е потребна и уставна интервенција.

- Advertisements -

Исто така, додаваат тие, проблем создава и барањето за временско ограничување на мандатот на новата влада, бидејќи идните владини коалициски партнери Зоран Заев и Али Ахмети сакаат да истераат мандат од 4 години во кој ќе ја спроведат владината програма.

Конечниот став БЕСА ќе го соопшти денеска на прес-конференција во 15 часот,откако претходно ќе расправаат партиските органи, при што се очекува партијата да најави надворешна поддршка на новата влада за сите реформски проекти.

В.С.

Поврзани новости