Поради наплив на барањата за уверенија за неосудуваност од кандидати за пратеници, судот наместо за три дена, како што беше досега, ќе издава уверенија во рок од пет до седум дена, соопштија денеска од судот.

Последниот рок пак за поднесување на листите пак, завршува в петок на полноќ или четири дена пред судот да ги издаде уверенијата.

На оваа реагираа од СДСМ кои ја обвинија власта дека го опструра изборниот процес.

– Согласно Изборниот законик, кандидатите за пратеници до Државната изборна комисија треба да поднесат Уверение од кривичната евиденција дека не се правосилно осудени на казна затвор од најмалку 6 месеци. Кандидатите од листите на СДСМ кои денес поднесоа барање за издавање на уверение за неосудуваност од Основниот суд Скопје 1 Скопје им е закажано подигнување на уверенијата на 15 ноември 2016-та година. Рокот за поднесување на кандидатските листи е до 11 ноември 2016 година. Ваквото однесување на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје, Владимир Панчевски, е класичен пример за злоупотреба на службената положба и води кон рушење на Изборниот прцес – рече Петре Шилегов.

За овој проблем, СДСМ денеска ги известил Државната изборна комисија и претседателот на Врховниот суд на Република Македонија. Исто така, како што изјави Шилегов, СДСМ писмено се обратил и до претседателот на Основниот суд Скопје.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.