Основниот суд: Неажурноста на кандидатите за пратеници не е наша вина

by fokus 18:37
18:37

Основниот суд ги отфрла обвинувањата на дел од политичките партии дека судот им правел проблеми околу издавањето на уверенијата за неосодуваност на кандидатите за пратеници и нагласуваат дека винатата треба да ја бараат кај себе, бидејќи ненавремено поднеле барање.

Рокот за издавање на уверенијата го зголемиле од три на пет до седум дена, поради напливот на барања, но велат дека тоа нема да влијае на изборниот процес, бидејќи ќе воведат дежурства во судот.

- Advertisements -

– Судот не може да биде виновен за личната неажурност на барателите до последен момент да не поднесуваат барања и судот да биде виновникот. Дополнителен проблем на судот е што одредени поединци кандидати на листи за претстојните парламентарни избори се обидуваат да го заобиколат законот со најразлични ургенции и повторно преку медиумите да извршат притисок и да ја сокријат својата неажурност. И покрај сето наведено и сите манипулации во врска со нашето соопштение, ја уверуваме јавноста дека доколку е неопходно, судот ќе воведе и дежурства за кандидатите да го запазат законскиот рок за поднесување кандидатски листи- стои во соопштението на Основниот суд Скопје.

 Инаку, за овој проблем СДСМ и ЛДП денеска ја известија Државната изборна комисија и побараа да ги преземе сите потребни мерки за да не се прават административно-политички пречки на партиите.

Поврзани новости