СДСМ: Мицкоски лаже, не е потребен рок од 60 дена по вонредната состојба за избори

by fokus

СДСМ вечерва преку соопштение тврди дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обидува со лаги да ги одолговлекува до недоглед парламентарните избори и да ја држи држвата во заложништво.

Од СДСМ велат дека Извештајот на Венецијанска комисија почнува со реченицата „Не постои формално правило во меѓународното право кое ќе им забрани на државите да одржуваат избори или референдум дури и за време на вонредна состојба.” Но, овој дел, како што велат од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ намерно го изоставува од своите коментари на темата.

-Понатаму, извештајот реферира на различни уставни и законски примери од државите за чии законодавста Венецијанската комисија давала мислење, меѓу кои е и Уставот на Грузија. Тој Устав предвидува дека после воена или вонредна состојба нема да се спроведуваат избори пред истек на 60 дена. Но, ВМРО ДПМНЕ знае дека таков е само грузискиот устав. Нашиот Устав е поинаков и определува дека избори не може да има само за време на вонредна или воена состојба, односно дека за време на воена или вонредна состојба се продолжуваат мандатите на пратениците и на претседателот на државата. Ова воопшто не значи дека постои рок од 60 дена кои треба да поминат од крајот на вонредната до денот на изборите, велат од СДСМ.

Поврзани новости