Голем пожар во Берлин, властите побараа граѓаните да ги затворат прозорците

by fokus

Голем пожар избувна во северен Берлин, во близина на аеродромот Тегел. Горат складишта и засега нема информации за евентуални жртви. Според градската противпожарна служба, причините за пожарот сè уште не се познати.

„Изгореа неколку магацини. 110 пожарникари се борат со пожарот, кој ги зафати магацините од речиси сите страни“, соопшти преку Твитер противпожарната служба.

Од огнот се издига огромен чад, што може да се види од различни делови на градот. Од граѓаните се бара да ги затворат прозорците.

Полицијата ги блокираше улиците и ги луѓето да го избегнуваат тој дел од градот.

Поврзани новости