СДСМ: Го предизвикуваме градоначалникот да испие една чаша од неготинската вода

by fokus

Да се обезбеди исправна и здрава вода за пиење во Неготина, на пресконференција денеска побара претседателот на ОО СДСМ Неготино, Васко Стефанов.

– Во 21 век жителите на Неготино при секој дожд добиваат загадена вода од градскиот водовод што не семее да се пие. Преку целата година има реструции и недостаток на вода, ризикот од појава за заразни болести е се поголем. Нестрпливо го очекуваме градоначалникот да не демантира и да испие една часа неготинска вода – рече Стефанов.

 

Поврзани новости