СДСМ денеска гласа „за“ или „против“ реизбор на Заев

by Фокус

Членовите на СДСМ денес ќе гласаат на првите директни избори за партиски лидер. Со оглед дека актуелниот партиски лидер Зоран Заев е единствен кандидат, гласањето всушност ќе биде „за“ или „против“.

Како што информираа од партијата, право на глас имаат 68.999 членови. Внатрепартиските избори ги спроведува Централна изборна комисија на СДСМ во сите 80 општински организации, а ќе се гласа на 237 избирачки места.

„Преземени се сите неопходни мерки за уредување на гласачките места согласно со препораките за здравствена заштита од ковид-19 а целиот изборен процес на денот на гласањето ќе се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од коронавирусот“, истакнаа од СДСМ.

Заев неодамна ја презентираше и својата програма со која најави борба против корупцијата и криминал, разноликост на мислења и мотивирање на граѓаните.

Воедно, тој најави и нова кадровска политика.

Поврзани новости