Снег на планините, но и во Скопската котлина

by Фокус

Денес и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во ноќните и утринските часови, соопштуваат од УХМР. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови, каде локално ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен.

„До утре кон крајот на денот на планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова од околу 15 сантиметри ќе има и речиси насекаде во западните и североисточните делови. Мала снежна покривка до околу 5 сантиметри ќе се формира и во Скопската Котлина,“ велат од УХМР.

Поврзани новости