СДСМ: Ако Павле Богоевски можеше да поднесе оставка, тогаш можат и Вељаноски, Милошоски и Димовски

by fokus

Пратениците од ВМРО-ДПНЕ, Трајко Вељаноски, Антонио Милошоски и Илија Димовски да не чекаат туку веднаш да си поднесат оставки, порачаа од владејачката СДСМ, откако пратеникот Павле Богоески поднесе оставка поради аферата со набавката на масло од канабис.

СДСМ бара оставки од тројцата пратеници бидејќи се осомничени во предмети на јавните обвинителства.

„Оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник од морални причини, само заради индиции претставува висок морален чин и силно чувство на лична одговорност пред граѓаните. Кај пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат судски процеси за тешки кривични дела, нема ниту приближно чувство на морална одговорност, тоа е јасно. Но, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, Антонио Милошоски и Илија Димовски да не чекаат ниту ден повеќе, туку веднаш да си дадат оставки од своите функции. Тоа е најмалку што може да го направат за да се избегне каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат трошка кредибилитет се додека во нивните редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела“, соопштија од СДСМ.

Поврзани новости