ВМРО-ДПМНЕ: Што договориле Заев и Ахмети на тајната средба, дали Македонија ќе се редефинира?

by Фокус

Македонскиот премиер Зоран Заев се пазарел со отстапки со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на тајна средба за време пред вториот круг од претседателските избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Република Македонија и натаму ќе се редефинира, дали ќе се исцртуваат нови граници? Зоран Заев е должен да им каже на граѓаните дали пред вториот круг од претседателските избори тој се сретнал со Али Ахмети и за што се разговарало на оваа тајна средба“, стои во партиското соопштение.

Воедно, од таму бараат промени и на предлог-законот за попис.

„Од интерес на граѓаните е да се спроведе Европски попис, а не попис каков што Заев договорил на тркалезна маса, попис на матични броеви. Пописот е статистичка, а не политичка операција, операција од суштинско значење за тековите во една држава“, се наведува во соопштението на ДПМНЕ.

Поврзани новости