Савески до Богоевски: Според твоето гласање во Собранието, не си баш независен пратеник

by fokus

Здравко Савески и Павле Богоевски вечерва се на дебата на телевизија 24. Тие го разјаснија меѓусебниот спор во врска со ослободувањето од гонење на Богоевски, но не и на Савески и останатите, но Савески го обвини Богоевски дека не е независен пратеник.

-Ти се водиш како независен пратеник, но според твоето досие на гласање ти не си баш независен. Или можеби ако ти и сличните на тебе не сте смислиле нова дефиниција дека независен значи дека од вас ништо не зависи, рече Савески.

Поврзани новости