Сашко Кедев: На врвот К2 ја помирисав смртта, а спасивме живот!

by fokus

Македонскиот кардиолог Сашко Кедев вечерва во македонската Филхармонија говореше за петте врвови над 8.000 метри кои ги искачил: Монт Еверест, К2, Брод Пик, Даулагири и Манаслу.

Тој раскажа за случувањата на врвот К2, кој е еден од најопасните во светски рамки со висока смртност.

„Кон врвот К2 ја помирисав смртта. По пат гледаш наоколу тела и чувствуваш страв. Многу тежок врв кој има неверојатни опасности. Во нашиот шатор спасивме доктор од Париз кој имаше хипотермија и беше неконтактибилен”, раскажа Кедев.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости