Апасиев: Треба да играме со сите како Тито и Вучиќ!

Треба да имаме стратешко партнерство со САД, Русија и Кина, сега ние имаме само со САД и тоа нас политички ќе не чини, вели лидерот на Левица во интервју за „Фокус“.

by Фокус

Нашата филозофија за ЕУ, за разлика од еуфундаметалистите, е тоа што ние Македонија ја ставаме на прво место, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за последниот број на неделникот „Фокус“. Според него, светот не е веќе Западот како глобалистички хегемон, туку е мултиполарен.

Се појавуваат моќната Кина и сега веќе моќната Русија. И сега, кога имате три стратешки големи играчи, како мал народ не е умесно да се врзувате само за еден стратешки партнер. Треба да ја искористиме политичката филозофија на Тито и движењето на неврзаните. Македонија како мала држава мора исклучиво да игра со сите три големи играчи. Треба да имаме стратешко партнерство со САД, со Русија и со Кина. Сега за сега ние имаме само со САД и тоа нас политички ќе не чини – истакнува Апасиев.

Тој посочува дека движењето на неврзаните се уште го користи Александар Вучиќ за да го отповика признавањето на Косово.

Оваа вечна левичарска идеја за балканска федерација преку Отворен балкан исто така е во игра, потоа Европската економска ареа, она што се Норвешка, Исланд, Швајцарија, Линхештајн… која Пендаровски ја одби, дури и движење за неутралност, кај што се Австрија, Швајцарија… Има многу модалитети и само затворен ум не ги гледа – нагласува Апасиев.

Нашите членови кои беа во Брисел, додава Апасиев, велат дека внатре во ЕУ има пожестоки дебати за тоа каде треба да оди ЕУ, додека кај нас ЕУ се перцепира како полубожество.

– Бистар политичар така би играл, како Тито. Малтене тоа го прави Вучиќ, игра со сите и затоа Србија и покрај три војни кои што ги водеше сепак е најразвиена на Балканот. Мораме да играме со сите, бидејќи на еден да му згрешиме може до тој степен да ни ја разори државата со што практично ќе престанеме да постоиме – истакнува Апасиев.

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Разговараше
Валентина ВУРМО

Поврзани новости