Само што беше избран, Груби се повлече од Комисијата за селекција на кадри за УБК

by fokus

Пратеникот Артан Груби денеска беше избран за член на Комисијата за селекција на кадри за УБК, но само по неколку часа тој објави дека се повлекува. Како причина го наведува тоа што имал премногу други обврски.

-Во врска со  Заклучокот на Комисијата за надзор  над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, донесен на Шестата седница на Комисијата, оддржана на 25 јуни 2019 година, во кој сум предложен,  да учествувам  во работата на Комисијата за селекција  и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање, поради преголеми други обврски Ве известувам дека не сум во миожност да учествувам во работата на оваа Комисија, напиша Груби.

Тој и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Трајче Димков беа избрани да учествуваат во Комисијата за селекција на кадрите. Освен пратеници, во Комисијата треба да учествуваат и двајца членови од МВР, двајца од Синдикатот, и директорот на Националната агенција.

Поврзани новости