Пломп: Опозицијата треба да понесе одговорност за законот за СЈО

by fokus

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп денеска повтори дека услов за добивање датум за преговори со ЕУ е да се донесе законот за СЈО и нагласи дека за тоа опозицијата треба да понесе одговорност.

-СЈО направи добра работа со обвиненијата за висока корупција. Ние мислиме дека е многу важно високата корупција да продолжи да се гони, а тоа се однесува и на оваа во минатото и во сегашноста и во иднина. Затоа е важно да се најде ефикасен начин за СЈО да се инкомпорира во Основното јавно обвинителство (ОЈО), но да задржи дел од независноста. Ова е закон за кој е потребно двотретинско мнозинство. Сите политички партии кои сакаат Северна Македонија да почне преговори со ЕУ, да најдат конструктивно решение кое ќе одговара и на партиите во власта и на партиите надвор од власта, а за ова опозицијата треба да поднесе одговорност, рече Пломп.

Поврзани новости