Дисциплинска за полицаецот кој не го спроведе Божиновски на денешното судење за „Титаник“

by fokus

Дисциплинска постапка е отворена за одговорниот од полициската станица Центар, кој денеска не го спроведе обвинетиот Кирил Божиновски во Кривичниот суд, на судењето за случајот „Титаник“, информираат од МВР.

На денешното рочиште не беше спроведен ниту екс министерот Миле Јанкиски, кој исто така е во домашен притвор, но од МВР велат дека за него воопшто не стигнала наредба за спровод, додека за Божиновски имало, но не било постапено.

Сепак, и доколку обвинетите беа однесени на судење, рочиштето ќе се одложеш, бидејќи во истиот термин имало закажено и друго судење, а во двата совети учествувал ист поротник.

Судењето за „Титаник“ е во фаза на изведување на материјални докази.

Освен Јанакиески и Божиновски, во овој случај обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

В.В.

Поврзани новости