Сали најави проширување на Комисијата за заразни болести

by Фокус

Промените во Комисијата за заразни болести ќе бидат во насока на проширување и дополнување на нејзиниот состав, со нови професионални кадри од повеќе области, истакна новиот министер за здравство Беким Сали.

-Во тек се дискусиите, а во таа насока денеска имав состанок со претседателот и секретарот на Комисијата – рече Сали.

Тој додаде дека професионалното работење на Комисијата за заразни болести е од најголема важност.

-Во оваа Комисија веќе има доста искусни професионалци во своите области, а натамошните чекори ќе подразбираат надградба, усовршување и професионализација – изјави Сали.

Тој порача дека целта на овие мерки е намалување на бројот на заразени лица, како и воопшто заштита на јавното здравје.

Фокус пред неколку дека објави дека Сали размислува да именува нов претседател на Комисијата или пак да назначи портпаролот, за да се поврати комуникацијата со јавноста, откако Жарко Караџоски ја прекина комуникацијата со новинарите.

Фокус дознава: Комисија за заразни болести ќе добие или нов претседател или портпарол

Поврзани новости