Во Шведска рекордни 40 илјади новозаразени

by Фокус

Во Шведска во последните 24 часа е регистриран рекорден број на новозаразени со коронавирусот – 39 938, соопшти денеска Шведската здравствена агенција.

Претходниот рекорден број од 39 321 заразени со ковид-19 беше забележан два дена порано.

Шведската влада неодамна воведе нови ограничувања бидејќи позаразната варијанта на омикрон брзо се шири и го оптоварува здравствениот систем на земјата.

Во текот на двете години од пандемијата на коронавирус, Шведска е една од ретките земји која инсистираше на максимална слобода на граѓаните.

Речиси и немаше ограничувања, поради мислењето на епидемиолозите дека колективниот имунитет е најдобриот одговор.

Поврзани новости