Сакаа да ограбат банкомат, па „летнаа во воздух“

by irena 15:38
15:38

Две лица загинаа во експлозија рано утринава во близина на градот Андрија во јужна Италија.

Наводно, тие самите случајно ја предизвикале експлозијата додека се подготвувале да ограбат банкомат.

Телата се пронајдени на локален пат, во близина на мала вила и украден автомобил, пренесува „Анса“.

На местото на настанот е пронајдена опрема каква што користат бандите за кражба на банкомати.

Карабињерите започнаа истрага, а специјализираниот тим за деактивирање експлозивни направи го прегледува местото на настанот.

Слични вести