Ограбен е 88 годишник во својот дом во центарот на Скопје

by irena 15:53
15:53

МВР информира дека две лица влегле во незаклучен стан во скопската општина Центар, при што едниот физички го нападнал 88-годишниот сопственик, а другиот му украл пари, лични документи и други предмети.

Од полицијата велат дека случајот е пријавен вчера попладне во 16:00 часот во СВР Скопје.

Според пријавата, двете лица влегле во станот кој не бил заклучен.

Додека едниот физички го нападнал старецот, другиот ги зел парите, лични документи и предметите, по што двајцата побегнале.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични вести