Американскиот државен секретар Ентони Блинкен им испратил писма на данскиот и холандскиот колега во кои ги уверува дека барањата ќе бидат одобрени, кажал тој.Блинкен во писмото, во кое Ројтерс имал увид, истакнал дека САД даваат целосна поддршка на префрлањето борбени авиони Ф-16 во Украина, како и за обуката на украинските пилоти, што би помогнало во одбраната од руската агресија.

Данска и Холандија неодамна побараа одобрување од САД за трансфер на борбени авиони во Украина, пишува британската агенција.

Коалиција од 11 земји би требало да почне со обука на украински пилоти во август во Данска за управување со борбени авиони Ф-16, кажа во јули вршителот на должноста министер за одбрана на Данска Тролс Пулсен, додавајќи дека очекува обуката да заврши на почетокот на 2024 година.

Претседателот на САД Џо Бајден одобри во мај програми за обука на украинските пилоти за авионите Ф-16.

Покрај Данска, центар за обука требаше да се постави и во Романија. Украина нема да добие авиони Ф-16 оваа есен и зима,