САД: Назначувањето на специјален обвинител е значаен чекор за утврдување на одговорност за прислушувањето

by Фокус

Амбасадата на САД во Република Македонија им честиташе на политичките партии за постигнатиот договор за воведувањето на специјален јавен обвинител и смета дека со тоа е направен чекор напред за утврдување на одговорност.

-Им честитаме на партиите за договорот што го постигнаа денес за воведување на јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и за именување на Катица Јанева на оваа функција. Ова назначување претставува значаен чекор кон утврдување на одговорност, се вели во кусото соопштение од американската амбасада.

Од амбасадата уште додаваат дека САД, заедно со своите европски партнери, остануваат посветени да и помогнат на Македонија да го имплементира договорот од Пржино и да продолжи по својот пат на целосна интеграција во евро-атлантските институции како динамичнa, просперитетна и мулти-етничка демократија.

Поврзани новости