Според Груевски договорот за специјалниот обвинител се должи на коректноста на ДПМНЕ

by Фокус 18:44
18:44

Премиерот Никола Груевски во интервју за телевизија Сител го кажа својот став за договорениот Закон за специјален јавен обвинител и изборот на Катица Јанева на оваа функција. Тој вели дека специјалниот обвинител ќе ја има сета поддршка за ефикасно и професионално работење.

-Задоволство од законот и личноста која е висок професионалец со меѓународни обуки и која спроед искуството укажува дека ќе стане збор за личност која професионално ќе може да се носи со работата.Ќе ја има целосната поддршка, сакаме најтранспарентно и најефикасно да си ја обавува работата, рече Груевски.

- Advertisements -

Тоа што се успеало во договорениот рок да се избере специјалниот обвинител, Груевски го препиша на посветеноста и коректноста на ВМРО-ДПМНЕ.

-Мислам дека со изборот успеавме да спречиме било какви тензии и на некој начин ги демантиравме сите шпекулации дека сме сакале да нема договор. Не, навреме во преговорите се избра и личност и се договори закон. Од наша страна сме целосно коректни, изјави Груевски.

 

Поврзани новости