Без ниту еден глас против изгласан Законот за специјален обвинител

by Фокус 17:41
17:41

Пратениците денеска во Собранието на Република Македонија го изгласаа Законот за специјален обвинител, кој го договори работната група за спроведување на договорот од Пржино составена од четирите најголеми партии. Законот беше донесен со 111 гласа „за“ и ниту еден глас „против“ или „воздржан“.

За СДСМ овој закон е и повеќе од она што го барала опозициската партија. Тие барале обвинител, а добиле цело обвинителство, што дава можност за добар почеток на реинституција на институциите.

- Advertisements -

И владејачката партија е задоволна од донесениот закон. Според ВМРО-ДПМНЕ, со носењето на законот ќе се стави крај на шпекулациите за притисоци и пробивање на роковите од договорот.

До крајот на денот ќе се одржи уште една седница на која  ќе биде утврден предлогот Катица Јанева да биде именувана за специјален јавен обвинител. Потоа, Советот на јавни обвинители ќе ја избере Јанева на новата функција.

Поврзани новости