Русковска: Засега останувам во обвинителството!

by fokus

Откако актуелниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески потврди дека со задоволство би прифатил да стане уставен судија, доколку го предложат и изберат, освен главното прашање за тоа кој ќе седне во неговата фотелја, се наметна и прашањето дали и шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска ќе си замине од функцијата?

Прашањето стана актуелно бидејќи пред една година Русковска најави дека доколку Јовески си замине од Обвинителството, истото ќе го стори и таа. Поточно, во едно интервју, на прашањето дали е точна шпекулацијата дека заминува во адвокати, Русковска рече дека не е точно дека си заминува од обвинителството, но најави дека доколку тоа го стори Јовески, тогаш и таа ќе си замине со него.

-Не се точни неофицијалните информации дека го напуштам обвинителството и дека ќе одам во адвокати. Но, ако позицијата ја напушти јавниот обвинител Љубомир Јовески, тогаш и јас си одам од обвинителството, изјави Рускоска кон крајот на февруари 2020 година.

Затоа сега ја потсетивме обвинителката Русковска на нејзината изјава и ја прашавме дали и таа размислува за нова позиција, односно дали ќе си оди од обвинителството?

-Засега останувам во обвинителството, кусо ни одговори Русковска.

Нејзиниот мандат завршува во ноември 2022 година, бидејќи беше избрана во ноември 2018 година, со мандат од четири години.

Неодамна се ширеа гласини дека била под притисок предвреме да ја напушти функцијата, но очигледно е дека се уште цврсто се држи за шефовската позиција. Наводно добила и „непристојна“ понуда да се пресели во Републичкото јавно обвинителство, каде што треба да се пополнат две празни заменички места, но одбила.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Валентина Вурмо

Поврзани новости