Руска амбасада: Македонија на линија на огнот меѓу Вашингтон и Москва

by fokus

Амбасадата на Русија во Македонија денеска порача дека политичката криза во Македонија треба да се решава врз основа на Уставот и општо признаените норми. Сите обиди за мешање во овој процес однадвор, да се наметнат вакви или онакви решенија покрај волјата на народот на Македонија се многу опасни и мора да бидат отфрлени од страна на Меѓународната заедница, велат од амбасадата.

-Принципите на суверената еднаквост на државите, а немешање во внатрешните работи на други земји се од универзален карактер и нивното непочитување претставува грубо кршење на меѓународното право.  Таквите констатации се слични со неодговорните тврдења на извесните милитантни политичари кои пред извесно време Македонија ја ставија „на линија на огнот меѓу Вашингтон и Москва – се вели во соопштението од руската амбасада.

Претходно, руското МНР реагираше дека политичката криза во Македонија се продлабочувала и оценија дека внатре во земјата се мешале надворешни фактори.

Поврзани новости