(ФОТО) Дожд врне врз главите на студентите во „Стив Наумов”

by fokus 22:20
22:20

Краткиот дожд им донесе нови проблеми на студентите сместени во македонските студентските домови. На социјалните мрежи се шират фотографии од собите во студентскиот дом „Стив Наумов”, на кои се гледаат прокиснатите мувлосани тавани. Студентите пак, со канти и леѓени ја собираат водата што тече низ ѕидовите во нивните соби.

 

 

 

Претходно, студентите минаа уште една голгота, живеејќи со ладни радиатори, во период кога температурата беше длабоко под нулата. На почетокот од годината, во студентскиот дом „ Кузман Јосифоски – Питу” неколку вечери со ред беше тотален мрак, бидејќи со денови немаше електрична енергија.

 

Поврзани новости