Русија и Кина се против униполарен свет, порачаа Путин и Џинпинг

by Фокус

На средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обидите на Западот да создаде „униполарен свет“.

Си, пак, му рекол на Путин дека Кина сака да ја преземе својата улога на „голема сила“ со Русија.

Путин и Си се сретнаа на самитот на Шангајската организација за соработка (SCO) во Самарканд, Узбекистан, за прв пат по руската инвазија на Украина.

-Обидите да се создаде униполарен свет добија апсолутно грда форма и се целосно неприфатливи – му рекол Путин на кинескиот претседател.

Пекинг ниту ја поддржа ниту ја осуди руската инвазија, но постојано ја поддржува Русија во услови на санкции.

Поврзани новости