Зеленски објави фотографии од ослободените места: Патот станува сè појасен

by fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави фотографии на социјалните мрежи од селата и градовите ослободени од украинските сили во Харковската област во последните денови.

-Патот до враќањето на целата наша територија станува сè појасен. Ги гледаме контурите на повторното воспоставување на територијалниот интегритет на нашата држава. Знаеме дека патот е тежок, но знаеме и дека е реален и токму тоа го правиме, напиша Зеленски.

Поврзани новости