РКЕ ја намали цената на струјата за малите потрошувачи и домаќинства, ДДВ-то се зголемува

by Fokus

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски на денешната прес конференција изјави дека цената на струјата за малите потрошувачи, и за 99,2% од домаќинствата ќе се намали.

Но од друга страна, Бислимоски потврди дека ДДВ-то ќе се зголеми од пет на 10 отсто.

„Кога ги носевме одлуките, ги земавме во предвид заштитата на животната средина, на животниот стандард и сигналот кој го испратија потрошувачите, особено домаќинствата и факт е дека во последно време штедат“, рече Бислимоски.

Поврзани новости