Рикер: Скопје заслужи шанса повеќе од што треба, билатералните прашања не треба да го запрат напредокот

by fokus

Европската унија не треба да дозволи билатералните прашања да го запрат напредокот што го заслужи Северна Македонија во интеграциите, вели поранешниот амбасадор на САД во земјава, Филип Рикер на 2БС форумот во организација на Атлантскиот сојуз на Црна Гора.

-Сметаме дека ЕУ не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок во интеграциите. Сметаме дека тие прашања треба да се решаваат надвор од процесот на пристапување, затоа што Скопје повеќе од што треба ја заслужи таа шанса, рекол помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

Поврзани новости