ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН формирале работни групи за преговори

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ВЛЕН формирале работни групи за преговори и истите наскоро ќе ги започнат разговорите за поделба на владиниот колач.

Ваљбон Лимани од ВЛЕН вели дека се уште нема рамка за барањата во однос на министерствата, но најважно им е да бидат продуктивни таму каде што ќе раководат.

-Се уште нема точни информации кои ресори ќе ги бара ВЛЕН. Верувам дека кога ќе почнат работните групи, ќе имаме рамка на барањата и за министерствата и за вториот ешалон на Владата. Уште еднаш ќе повторам, нашата цел не е бројот на министерствата туку реализирање на сите работи кои ги имаме по министерствата – вели Лимани.

Поврзани новости