РФМ во недела ќе го промовира Данило Брестовац за нов селектор

by fokus

Ракометната Федерација на Македонија испрати покани за прес-конференција по повод назначување на новиот селектор на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија.

Промоцијата ќе се одржи на 03 март 2019 (недела), во конференциската сала „Скала 1“ – Хотел „Холидеј Ин“ Скопје, со почеток во 12:00 часот.

Во медиумите се шпекулира со името на Данило Брестовац, кој моментално е на чело на РК Металург и тренер на млaдинските селекции.

Новиот селектор ќе дебитира во април на дуелите против Исланд во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2020 година.

Фото – РК Металург

Поврзани новости