Тевдовски: До 2016 година долгот беше галопирачки

by fokus

За разлика од периодот од 2008 до 2016 година кога јавниот долг беше брзорастечки, галопирачки, и се зголеми од 23 проценти од БДП на 48,8 отсто, сега тој е стабилизиран и е понизок од 2016 година, односно изнесува 48,7 проценти од БДП, истакна денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски на денешната средба со новинари.

Нагласи дека, долгот е под контрола, бидејќи, како што рече, трошокот кој го плаќаме, каматите, се значително намалени.

– На пример, ако на почетокот на 2016 година каматата за 12-месечни записи без девизна клаузула изнесувала 2,6 отсто, на почетокот на 2017 – 2,1 проценти, сега таа е намалена на 0,8 отсто. Издејствуваме најниска каматна стапка од 2,75 проценти за еврообврзницата од 2018 година, додека претходните еврообврзници имале камати во распон од четири отсто до 10 проценти, наведе Тевдовски, потенцирајќи дека е зголемена и рочноста на портфолиото и преполовен е бројот на аукции што го прави долгот полесен за сервисирање.

Поврзани новости