Ревизија на дел од судските пресуди по случен избор и разрешување на судии кои застаруваат предмети, најавува СДСМ

by Frosina Fakova

Правосудството мора да се прочисти од корумпираните судии и обвинители. Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители и темелна ревизија на 5 отсто од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор, најавува валдејаќката СДСМ.

Освен тоа најавуваат и јавна објава на службените трошоци на функционерите и укинување на патните трошоци.

-Воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт, а за оние раководители кај кои е утврдено нечесно работење ќе следуваат санкции. Администрацијата мора да им служи на граѓаните и затоа, дополнително ја професионализираме и ја намалуваме за 20%. Во администрација ќе работат тие што се подготвени целосно да им служат на граѓаните. Ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието. СДСМ нуди професионални институции во служба на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди партизирана администрација во служба на лични и партиски интереси, најавува партијата.

Поврзани новости