Рекордно зголемувње на бројот на заразени од Ковид-19 во Србија, дури 2.412 позитивни за 24 часа

by fokus

Во последните 24 часа во Србија на коронавирус се тестирани 12.617 лица, од нив 2.412 се позитивни, а починати се шест лица, јави дописникот на МИА од Белград, со што за првпат бројот на заразени ја надмина дневната бројката од над 2.000 лица позитивни на Ковид-19.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Торлак“, на респиратори во болниците во Србија се наоѓаат 53 пациенти.

Во Србија вчера беа регистрирани 1.878 позитивни од 10.962 тестирани лица и 11 смртни случаи, што е најголем број на смртни случаи од последиците на Ковид-19 од 16 јули, кога имаше 13 смртни случаи.

Со денешниот рекорд на заразени со Ковид-19 се исполнија најавите на премиерката Ана Брнабиќ која изјави дека денеска се очекуваат над 2.000 новоинфицирани со коронавирус, од кои, повеќе од 1.000 се само во Белград.

До денеска во Србија вкупно се хоспитализирани 2.014 заболени лица, а поради големиот број дневни приеми на пациенти во болниците, министерот за здравство Златибор Лончар преупреди дека постои опасност да се исцрпат капацитетите на здравствениот систем, бидејќи непостои неограничен број на обучен здравствен персонал.

Поврзани новости