Момчето од Кочани, кое со решение за изолација правело прослава, доби кривична пријава

by fokus

Момче од Кочани, кое наместо да седи во изолација, организираше прослава во својот дом, доби кривична пријава.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Н.Т.(18) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување заразна болест“ и ,,непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот, на 17.10.2020 во својот дом во Кочани организирал прослава на која присуствувале поголем број лица, иако бил должен да ја извршува мерката изолација во домашни услови, со издадено Решение на 14.10.2020 од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, велат од МВР.

Поврзани новости