Река од народ во Кавадарци, со цел да се најде соодветен донор за малиот Марко: Заедно можеме се!

by fokus

Огромен број на кавадарчани денес во општинската зграда стрпливо чекаа ред, да им биде земен брис, со цел да се најде компатибилен донатор на коскена срцевина за нивниот сограѓанин Марко Ташев.

Тој е на возраст од една година, и бидејќи никој од семејството не бил соодветен донор, родителите апелираа до јавноста да им излезе во пресрет и да им помогне. Нивното дете има имунолошка болест, која му го загрозува животот.

Помеѓу граѓаните кои се пријавија, беше и градоначалникот Митко Јанчев, кој се здоби со членство во Македонскиот дарителски регистар како и на Светската асоцијација на доброволни дарители.

Акцијата беше спроведена од страна на Институтот за имунобиологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет, при Универзитетот ,,Свети Кирил и Методиј” Скопје.

Вики Клинчарова

Поврзани новости