Гавазова му пееше на Елмас: Јас сум нивна фамилијарна пејачка!

by fokus

Фолк пејачката Сузана Гавазова деновиве беше музичка гостинка на свадба на близок роднина на познатиот фудбалер Елиф Елмас.

Атмосферата била доста весела, а фудбалерот бил помеѓу најрасположените гости. За ,,Фокус,, Гавазова раскажува за настанот, и открива дека семејството Елмас ги знае сите нејзини песни наизуст, бидејќи таа отсекогаш била нивна музичка миленичка.

-Преубава свадба беше. Мумин Елмас, братучедот на Елиф се ожени, целиот настан беше на ниво, со весело расположение.
За музиката беше ангажирана групата Кисми и Цаки и Јуле, додека како еден вид на екстра пејачи бевме јас и колегата Енес Вејапи од Призрен.

За домаќините се многу фини и културни луѓе. Јас можам слободно да кажам дека сум нивна фамилијарна пејачка!
Ги знаат сите мои песни, омилена им е ,,Бум, бум” и навистина, направивме бум на свадбата – раскажа Гавазова за ,,Фокус”.

Таа пред неколку години се рати со семејството од Шведска, и живее во Струмица. Важи за една од најбараните на нашата естрада, и е честа гостинка во дијаспората.

Вики Клинчарова

Поврзани новости