Речиси 700 објекти ја трујат цела држава, мапираше „Шанса за Центар“

by fokus

Близу 700 објекти низ цела Македонија се загадувачи, а во скопје 100 објекти, болници, градинки, училишта касарни судови и други установи кои користат нафта и мазут и покрај тоа што градот има централно парно греење, покажува мапата на загадувачи што ја направи „Шанса за Центар“

– Нема град кој во своето урбано јадро нема еден куп јавни објекти кои го загадуваат воздухот. Скопје води, но во незавидна положба се и граѓаните во Тетово, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Гостивар…речиси никој не е поштеден. За загревање на овие објекти и оваа грејна сезона може да се потрошат над 16,5 милиони литри нафта за греење и над 4,8 илјади тони мазут. Тие и ќе ги дишеме! За нивното загревање за една сезона граѓаните преку Буџетот на државата и на општините ќе платат над 20 милиони евра, наведуваат од Шанса за центар.

Апелираат да се изврши притисок врз пратениците во Собранието и советниците да се заложат за мерки во буџетите за 2024-та во нивните изборни единици за да се даде шанса на сите општини да станат почисти.

– Нов Буџет, нова зима, ново загадување, нова шанса. Ако не сакаме да дишеме воздух кој светските медиуми го опишуваат дека „мириса на изгорена пластика“, сега е шансата да се направи промена! Се подготвува новиот државен буџет за 2024 година што е можност да се обратите до пратениците од секоја изборна единица и заедно да притискаме за повеќе пари за борба против загадувањето на воздухот! И општинските буџети се во подготовка, па нивното вклучување во борбата против загадувањето мора да е насочена кон веќе детектираните локални проблеми со воздухот од загревањето на општински објекти. Во 2023-та НЕ СЕ НАПРАВИ промена на начинот на греење кај огромен број на јавни објекти кои се греат на нафта и мазут за да се намали загадувањето на воздухот во зима. ТИЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ да загадуваат и оваа зима и повторно ќе бидеме меѓу трите најзагадени земји во Европа, се посочува во соопштението од граѓанската иницијатива Шанса за Центар.

Новата мапа на јавни објекти кои се греат на мазут и нафта низ целата држава: https://www.google.com/maps/d/viewer?mid=1VbzxgPy8resTirwinAJgYJ80P-4nH7A&usp=sharing

Поврзани новости